Одреден датумот за реваншот на Мекгрегор и Поире

Борбата помеѓу Конор Мекгрегор и Дастин Поире и официјално е закажана за 23. јануари 2021 година. Ова воедно ќе претставува и реванш од мечот на УФЦ 178 кој се одржа во 2014 година каде Ирецот славеше над Американецот со технички нокаут во првата рунда.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт на оваа борба гледа како главен настан во категоријата до 70 килограми, која најверојатно ќе се одржи на „Боречкиот Остров“ во Абу Даби.

„Благодарен сум што повторно ќе можам да го правам тоа што сакам. Со нетрпение го очекувам новиот тест кој Дастин ќе го наметне по нашата прва борба, но и јас ќе можам да го покажам целиот арсенал со кој располагам“ – изјави Конор Мекгрегор.

За Ирецот ова ќе биде прва борба по победата над Доналд Корон во јануари оваа година, додека пак Дастин Поире последен пат се бореше во јуни кога славеше над Ден Хукер.

 

Се вчитува...