Според шпанските медиуми, Реал Мадрид веќе одредил цена од 80 милиони евра за бразилското крило Родриго. Незадоволниот фудбалер изразил желба да го напушти клубот ова лето, сакајќи да има поголема улога во тимот. Со оглед дека тоа не е можно, а „кралевите“ веќе се пред ангажман на Нико Вилијамс, голема е веројатноста Родриго да си бара нова средина.
Арсенал е подготвен да ја плати сумата од 80 милиони евра која ја бара Реал за неговите услуги, и ако двата клуба се договорат, тогаш Бразилецот ќе замине на „Емирати“.
Многу е веројатно дека следна дестинација на Родриго ќе биде Англија, со оглед дека и Манчестер Сити и Пеп Гвардиола будно ја следат ситуацијата со крилниот играч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

