Веќе нема никакви дилеми, ЕВРО 2020 ќе биде одложено за 2021 година, ќе биде отворено на 11 јуни, а финалето ќе се игра на 11 јули 2021 година. УЕФА го реши тоа прашање, а сега покрај завршувањето на домашните првенства, се бара и начин за финиширање на сезоната во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа.
Иако неофицијални, последните информации велат дека е утврден и терминот за завршувањето на овие две европски клупски натпреварувања. Мечот за титулата во ЛШ ќе остане во Истанбул, но ќе биде презакажан за 27 јуни, а три дена порано би требало да се игра финалето од Лигата на Европа.
Се чини дека во овој момент не може со сигурност да се тврди кога сезоната би можела да продолжи, со оглед на засиленото ширење на вирусот во бројни држави од кои доаѓаат елитни фудбалски клубови. Доколку состојбата во меѓувреме почне да се нормализира, на почетокот од месец мај би можело да се продолжи со европските купови, а доколку тоа не биде случај, како опција се споменува и завршен фајналфор турнир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА