По одигрувањето на мечевите од четвртфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, познати се двојките кои ќе се соочат во решавачките натпревари за влез во финалето.
Жрепката одреди во полуфиналето да се сретнат Топ Гол – Тиверија Брера и Каменица Саса – Љуботен.
Во четвртфиналето најубедливата победа ја забележа Топ Гол, кој на гостувањето против Плачковица славеше со 9-0. Љуботен на домашен терен триумфираше над Ас Јунајтед со 8-1 додека Тиверија Брера беше поуспешна од Скопје и забележжа победа од 2-0.
Каменица Саса пласман меѓу четирите најдобри обезбеди откако како гостин го совлада Кочани со 4-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

