За победничкиот пехар во ЕХФ Купот ќе се борат три германски и еден француски тим. Со денешната ждрепка беа одредени полуфиналните двојки за Ф4 турнирот што ќе се одржи во ГЕТЕК Арена во Магдебург.
Домаќинот на турнирот, Магдебург во полуфиналето го доби францускиот Ст.Рафаел. Во второто, „германско“ полуфинале, ќе играат бранителот на титулата, Гепинген и Фуксе Берлин.
Полуфиланите натпревари ќе се играат на 19 мај, а мечот за 3.место и финалето се на 20 мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА