Шпанската Фудбалска Федерација денеска и официјално го објави терминот за одигрување на најновото „Ел Класико“, пресметката меѓу Реал Мадрид и Барселона што ќе се игра во рамките од 33. коло во Примера дивизион.
23 април е датумот на кој двата голами ривали ќе ги одмерат силите на „Сантијаго Бернабеу“, меч што според сите прогнози ќе го реши и прашањето на новиот шампион на Шпанија. Во игра беа неколку термини, но на крајот беше решено „Ел Класико“ да се игра во вечерен термин, со почеток во 20.45 часот.
Само за потетување, Реал Мадрид моментно е првопласиран со два бода предноста во однос на Барселона, но и меч помалку од каталонскиот гигант (оној одложениот што треба да го одигра на гостувањето против Селта).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА