Одредени замените за Адетокумбо и Дејвис за олстар-викендот

Тре Јанг од Атланта хоукс и Кајри Ирвинг од Далас маверикс добија повици во последен момент за да бидат дел од големиот спектакл наречен олстар викенд 2025 што ќе се игра на 16 февруари во Сан Франциско.

Двајцата врвни кошаркари не беа планирани како дел од овој „меч на сите ѕвезди“, но дополнително добија покани по повредите на Јанис Адетокумбо и на Ентони Дејвис. Јанг ќе настапува за тимот на Чарлс Баркли, додека Ирвинг ќе биде дел од тимот на Шекил О’Нил на овој кошаркарски спектакл.

Поставата на Баркли ќе биде крајно „интернационална“ ако се знае дека тука ќе бидат и Србинот Јокиќ, Французинот Вембињама, потоа кандскиот плејмејкер Гилџус Александер, Тучинот Шенгун, Камерунецот Паскал Сијакам и Американците Таунс и Мичел.

„Тимот Шек“ ќе биде предводен од Леброн Џејмс, а таму уште ќе се најдат и: Стеф Кари, Џејсон Тејтум, Кевин Дуран, Џејмс Харден, Демијан Лилард и Џејлен Браун.

Овогодинешниот олста за првпат во историјата ќе донесе мини-турнир на четири екипи, при што секоја од нив ќе игра по три меча во Сан Франциско.

Се вчитува...