Одржан првиот државен Текбол турнир во Македонија (ФОТО)

Викендов се одржа првиот државен турнир во Македонија во две категории: “Men single” и “Men double” во кој учествуваа вкупно 17 натпреварувачи.

Турнирот беше одржан и организиран во малата сала во Јане Сандански. Настанот беше поддржан од Македонскиот Олимписки комитет, општина Аеродром, Горска и Меѓународната текбол федерација Fiteq.

Турнирот донесе голема заинтересираност кај помладата генерација која се надеваме дека ќе биде иднината на овој нов спорт.

Големи заслуги има и претседателот на Текбол федерацијата на Македонија, Марио Ѓорѓиев кој направи се да помине во најдобар ред.

Се вчитува...