Изминатиот викенд на 18 и 19 февруари 2023 година во Скопје се одржа иницијалниот состанок на работната група на проектот – Green Trails of Future – Зелени Патеки на Иднината – чија главна цел ќе биде привлекување и вклучување на адолесценти во спортовите во природа – главно во планинското трчање.
Анализите на локално ниво на Балканот покажуваат дека интересот на тинејџерите кон спортовите во природа, трчање на рекреативно ниво, а особено за трчањето на планина е незначителен, а партнерите од Србија, Словенија и Македонија преку нивните предвидени активности и веќе воспоставени и етаблирани спортски настани кои ги организираат, во следниот период од 2 години ќе работат на привлекување на оваа група на млади кон трчањето, природата и екологијата.
Работната група е составена од партнерите ПК Тара од Бајина Башта, Србија кои ја организираат треил трката Тара Ултра (носители на проектот), Планинарскиот Сојуз на Србија, ХГ Идрија од Идрија, Словенија со трката Идрија Ултра-Треил, како и македонското здружение за планинско трчање Трекс од Скопје (www.trex.mk) кое преку континуираните активности на полето на планинското трчање и рекреативниот спорт од 2011 до сега привлекува голем број на учесници преку четирите трки во нивното портфолиот: Водно-Матка Треилс, Охрид Ултра-Треил, Крали Марко Треилс и Струмина Треил
Проектот е дел од програмата на Erasmus+ Sport 2022 и е кофинансиран од Европската Унија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА