Одржана првата трка од шампионатот на Македонија во ендуро

Изминатиов викенд во Берово се оддржа првата ендуро трка во организација на МК „Велес“ и МФМА која се бодуваше за македонскиот Ендуро шампионат.

На трката учествуваа околу 50 возачи, при што од Ендурот тимот Воднос од Скопје четворица возачи стигнаа до пиедесталот.

Најдобар во класата Е3 беше Владимир Димов, пред клупскиот колега Ненад Бошевски, додека во Класата Е1, Станковиќ и Караколев од ендурот тимот „Водно“ се најдоа на пиедесталот како второпласиран односно третопласиран на трката.

Во ендуро шампионатот на Македонија ќе се возат вкупно три трки.

Се вчитува...