Одржана ждрепката за прелиминарната рунда во ЛШ

Новата сезона во ЛШ почнува на крајот од јуни со играње на прелиминарната рунда, а потоа на 11. и на 12. јули се на распоред првите два натпревари од првото квалификациско коло во кое ќе учествува и Струга ТЛ.

Прваците на Црна Гора, Исланд, Андора и Сан Марино, четирите најслаби лиги според коефицинтите, беа на денешната ждрепка во Нион.

Прво се мечевите од полуфинале, а потоа победниците играат и финален меч во кој една екипа оди понатаму во 1. квалификациско коло.

Ова се паровите од ждрепката:

Атлетик Клуб Ескалдес (Андора) – Будуќност (Ц. Гора)
Тре Пене (Сан Марино) – Бреидаблик (Исланд)

Се вчитува...