Одвратно: Мекгрегор вулгарно им прети на децата на Хабиб само за да добие реванш… (ФОТО)

Конор Мекгрегор продолжува со испадите на социјалните мрежи, а доколку „харизматичниот“ Ирец претходно беше интересен во ваквиот начин на провокација, сега истото станува одвратно.

Откако претходно пишуваше за починатиот татко на Хабиб, последниот испад на УФЦ борачот беше насочен и кон неговите деца за кои на социјалната мрежа Твитер напиша дека ќе ги „изеде жив“.

„Сакам да ги изедам неговите деца. Кога последен пат ги има видено? Сопругата? Мајката? Може за промена да поминеш малку време со децата и семејството, а не постојано да збориш за мене бидејќи следниот пат кога ќе сопнеш нема да имаш толку среќа“, напиша Ирецот кој подоцна и го ибриша твитот.

Откако Русинот го прегази Ирецот на нивната меѓусебна борба, Мекгрегор се обидува на секој начин да го врати Хабиб од пензија и да издествува реванш. Секако овој не е начинот.

Се вчитува...