Официјален извештај: Марадона се лекувал безгрижно и несоодветно

Официјалниот извештај за медицинската нега што го доби легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона за причината на неговата е објавен во денес, а стручната комисија беше многу критична кон третманот што го добил големиот фудбалер. Јавното обвинителство во Аргентина ќе го испита медицинскиот тим кој беше одговорен за здравјето на Марадона.

Диего почина во Буенос Аирес на 25 ноември од последиците од срцев удар на 60-годишна возраст. На неговата смрт и претходела операција за згрутчување на крвта во мозокот, а во исто време бил лекуван од алкохолизам.

Во извештајот на 70 страници се вели дека Марадона сериозно се разболел веќе 12 часа пред неговата смрт и дека тој не бил под соодветен медицински надзор.

Аргентинскиот весник „Кларин“ наведува дека медицинскиот тим на Марадона му ја одредил судбината на одличниот фудбалер и дека тие се однесувале кон неговото здравје несоодветно и безгрижно.

Меѓу лицата под истрага се и 39-годишниот приватен лекар на Марадона, Леополдо Лук и психијатрите на Марадона. Бидејќи извештајот е готов, обвинителството ќе одлучи дали ќе покрене обвинение, а „Кларин“ наведува дека една од точките во обвинението може да биде „убиство“ од небрежност.

Извештајот на комисијата беше доставен откако ќерките на Марадона го изразија своето незадоволство од третманот на лекарите кон нивниот татко.

Во многу наврати, д-р Лук низ солзи ги отфрли обвинувањата за намерно лошо постапување и лекување на Марадона, велејќи дека тој не можел да му го стори тоа на својот пријател и дека сторил се за да му го спаси животот.

 

 

Се вчитува...