Српскиот интернационалец Јања Војводиќ (22) потпиша договор со Вардар до 2019 година, објави македонскиот шампион на официјалниот клупски сајт.
Војводиќ веќе тренира со екипата на Вардар и како што најавија од клубот, треба да дебитира на натпреварите од домашниот плеј-оф. Тој игра на позицијата среден бек на која Вардар во актуелниотс состав ги има Игор Карачиќ и Лука Циндриќ.
Поранешниот ракометар на Металург во таборот на „црвено-црните“ доаѓа од шпанската екипа Анхел Хименес за која настапуваше во есенскиот дел од сезоната. Тој потекнува од школата на Врбас, а освен за Металург и за Ангел Хименес, има настапувано и за Сласк Вроцлав во Полска и за катарскиот Ал Сад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА