Познати се официјалните состави за вечерашниот меч меѓу Розенборг и Вардар во рамките на Лигата на Европа. Тренерот на македонскиот првак Чедомир Јаневски направи само мали промени во составот, во однос на поразот од Зенит. На левата бековска позиција сега е Бесир Демири наместо повредениот Владица Брдаровски, а во централната дефанзива ќе игра Висар Муслиу, на местото на Дарко Велкоски. Тука секако е и капитенот Бобан Грнчаров, на денсата бековска позиција е Хамбарџумјан, а на голот Филип Гачевски.
Средниот ред е непроменет. Ќе играат Никола Глигоров и Бобан Николов како поддршка за креаторот Хуан Фелипе. На страничните позиции се Дејан Блажевски и Џамбул Џигаури. Најистурен во нападот е Тигран Барсегјан.
Кај Розенборг, нападот го предводи Никлас Бендтнер, а на крилните позиции се Самуел Адегбенро и Јан-Ерик де Ланлеј. Капитенот Мајк Јенсен, заедно со Мариус Лундемо и Андерс Конрадсен ќе делуваат во средниот ред на норвешкиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА