Официјални состави: Конте со Лукаку и Лаутаро ќе ја напаѓа Севилја, Окампос почнува од првата минута

Интер и Севилја вечерва од 21 часот ќе се борат за трофејот во најмасовното фудбалско европско натпреварување Лигата на Европа. Антонио Конте со Лаутаро Мартинез и Ромелу Лукаку уште од самиот старт ќе ја нападне Севилја, додека Хулиен Лопетеги ќе може да смета на својот најдобар фудбалер Лукас Окампос кој беше неизвесен поради повредата која ја заработи на мечот против Манчестер Јунајтед во полуфиналето.

Се вчитува...