Пресметката на европските гиганти на „Алијанц арена“ ќе мине без напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, кој воопшто не е во составот. Тренерот Карло Анчелоти на негово место како централен напаѓач го постави Томас Милер, додека на крилните позиции ќе бидат Франк Рибери и Арјен Робен. Неговиот поранешен „ученик“ од Реал Мадрид, Зинедин Зидан, кој сега е на кормилото на „кралевите“, ќе истрча со триото Бејл – Бензема – Роналдо во нападот. Заедно со капитенот Рамос во одбраната ќе делува Начо, по повредите на Варан и на Пепе.
Диего Симеоне им даде шанса на Антоан Гризман и Фернандо Торес во нападот на Атлетико Мадрид, а Крег Шекспир верува во Џејми Варди и Махрез, поддржани од Оказаки.
БАЕРН МИНХЕН – РЕАЛ МАДРИД
БАЕРН М.: Нојер, Лам, Мартинез, Боатенг, Алаба, Чаби Алонсо, Тијаго, Видал, Рибери, Робен, Милер.
РЕАЛ М.: Навас, Карвахал, Начо, Рамос, Марсело, Кашемиро, Крос, Модриќ, Бејл, Бензема, Роналдо.
АТЛЕТИКО МАДРИД – ЛЕСТЕР
АТЛЕТИКО М.: Облак, Хуанфран, Годин, Савиќ, Филипе Луис, Габи, Коке, Саул, Караско, Гризман, Торес.
ЛЕСТЕР: Шмајхел, Симпсон, Беналуан, Хут, Фукс, Дринковотер, Ндиди, Олрбајтон, Махрез, Оказаки, Варди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА