ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Манчини без изненадувања, Арнаутовиќ ќе стартува во нападот на Австрија

Италија и Австрија се среќваат во второто осминафинале на Европското првенство. Селекторот на Италија Роберто Манчини на мечот нема да смета само на Џорџо Киелини кој поради повреда нема да може да им помогне на своите соиграчи.

Во средината главниот збор ќе го имаат Марко Верати и Николо Барела, додека во нападот Манчини ќе стартува со триото Берарди, Инсиње, Имобиле. Селекторот на Австрија Франко Фода во стартниот состав ќе му даде шанса на искусниот Марко Арнаутовиќ пред младиот Саша Калајџиќ, а првата ѕвезда на тимот Давид Алаба ќе стартува на левата бековска позиција.

Се вчитува...