ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Милевски со Милан Ристовски и Елмас во нападот против Ерменците, Адеми и Алими во средниот ред

Македонскиот селектор Боби Милевски ќе напаѓа со Милан Ристовски и Елиф Елмас во формацијата 3-5-2 против Ерменија на пријателскиот натпревар кој од 15 часот почнува на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Огромни промени во стартниот состав на Македонија во однос на претходните три квалификациски дуели, па така на голот ќе биде Дамјан Шишковски, а веднаш пред него во одбранбената тројка Илјазовски, Муслиу и Серафимов.

Во средниот ред ќе бидат Димоски, Алими, Адеми, Димитар Митровски и Трајковски, а во нападот Милан Ристовски и Елмас. Што значи од натпреварот против Украина во Прага сега во почетниот состав се само Муслиу, Серафимов и Елмас.

На клупата за резервни фудбалери ќе бидат дури осум фудбалери кои го стартуваа натпреварот против Украина: Димитриевски, Ашковски, Алиоски, Манев, Елези, Барди, Атанасов, Миовски…, како и Чурлинов, Алексовски, Давид Бабунски, Даци, Тодороски и Дориев.

Се вчитува...