ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Офанзивно во формација 4-3-3, деби за Серафимов и Тодороски како десен бек

ЕКИПА во Гибралтар,

Владимир Булатовиќ

Со четири измени во стартниот состав, очекувано со ротации во тимот во однос на оној од дуелот со Бугарија, македонскиот селектор Благоја Милевски ќе го очекува денешниот натпревар против Гибралтар во 2. коло од Групата 4 во Ц-Лигата на нации.

На голот на националниот тим ќе биде Дени Илиев место Столе Димитриевски, а во одбраната на десната бековска позиција ќе дебитира Тодор Тодороски, заедно со уште еден дебитант Никола Серафимов на централната позиција на местото на Дарко Велковски, а заедно со Висар Муслиу и Езгијан Алиоски како лев бек.

Во средниот ред очекувано Енис Барди, Бобан Николов и Стефан Спировски, и во офанзивната формација 4-3-3 во нападот ќе бидат Трајковски и Елмас на крилните позиции заедно со Милан Ристовски.

Се вчитува...