Селекторот Благоја Милевски се одлучи за две измени во почетниот состав на Македонија за натпреварот против Велс во 2. коло од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.
Во однос на натпреварот против Лихтенштајн, ќе го нема Александар Трајковски во нападот, а ќе биде засилен средниот ред со Тихомир Костадинов.
На десната бековска позиција ќе биде Бојан Илиевски, заедно со Серафимов, Зајков, Муслиу и Алиоски во одбраната. На средината ќе бидат и Алими и капитенот Барди, а најистурени во нападот очекувано Елиф Елмас и Бојан Миовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА