Официјално: Абдукодир Хаснов е нов фудбалер на Манчестер Сити

Манчестер Сити официјално го претстави своето прво зимско засилување. Станува збор за Узбекистанецот Абдукодир Хаснов кој пристигнува од редовите на Ленс во трансфер вреден 40 милиони евра.

Хасанов има само 20 години и е дел од репрезентацијата на Узбекистан. Важи за голем талент, а тоа го докажува и интересот на гигант како Манчестер Сити.

Оваа сезона настапи на 16 натпревари за францускиот тим со кој имаше договор до 2027 година. Претходно настапуваше за белорускиот второлигаш Енерџик БГУ.

Се вчитува...