Рајн Некар Левен денеска го официјализира трансферот на ракометарот на Вардар, Илија Абутовиќ. Српскиот дефанзивец по седум години поминати во Вардар на крајот од сезоната се сели во редовите на германскиот шампион во кој ќе му биде соиграч на Филип Талески.
Абутовиќ со Рајн Некар Левен потпиша договор до крајот на 2021 година.
Покрај Абутовиќ, на крајот од сезоната од редовите на актуелниот европски шампион официјално си заминуваат и Арпад Штербик (Веспрем), Лука Циндриќ (Кјелце), Мијајло Марсениќ (Берлин) и тренерот Раул Гонзалес. Според најавите и интерсот на неколку големи европски екипи можно е од Вардар на крајот на сезоната да си замине и шпанскиот бек Хорхе Македа, но и Вуко Борозан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА