Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ е нов играч на хрватскиот Задар. Само два месеца откако го напушти МЗТ Скопје и се пресели во романскиот прволигаш Темишвар, македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ има и нов клуб.
Од денеска, репрезентативниот бек и официјално е член на Задар, откако откако потпиша договор со АБА лигашот до крајот на сезоната.
„Можеби делува изненадувачки, но се решив за промена на средината со оглед на тоа дека моите обврски кон Темишвар во оваа сезона многу извесно, ќе завршат на 7 април. Некако прерано за моите очекувања од оваа сезона. Кога се јавија луѓето од Задар, ја прифатив понудата. Сакам да играм во клуб со големо реноме, и тоа е причината што одбрав да ја доиграм оваа сезона во Задар“, вели Мекиќ.
Мекиќ е првиот Македонец што ќе го облече дресот на овој клуб по Тодор Гечевски. Задар ќе биде трет клуб за Мекиќ оваа сезона која ја почна во МЗТ Скопје Аеродром, а ја продолжи во Темишвар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА