ОФИЦИЈАЛНО: Агон Елези е нов фудбалер на Сараево

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Агон Елези и официјално е нов фудбалер на Сараево. 24-годишниот играч од средниот ред, потпиша договор со клубот од Босна и Херцеговина до летото 2028 година.

Елези претходно го раскина договорот со германскиот клуб Бохум, а во Сараево пристигнува како слободен агент, подготвен за ново поглавје во својата кариера.

Елези изминатата полусезона ја помина на позајмица во ХНК Горица, а претходно играше за Вараждин, Скендербеу, Велазерими и француски Кан. Тој потекнува од школата на Шкупи, а е член и на фудбалската репрезентација на Македонија.

Се вчитува...