Кошаркарскиот клуб Алба Берлин официјално ја доби довербата на раководството на Евролигата и во наредните две сезониа, 2021/22 и 2022/23 ќе има загарантирано место меѓу најдобрите екипи во Европа.
Покрај Алба, челниците на лигата ја потврдија и сопственичката улога на Баерн Минхен и АСВЕЛ, со што германскиот и францускиот клуб влегоа во одбраното друштво кое од година во година дополнително се стеснува.
„Условите за вклучување на Баерн Минхен и АСВЕЛ како долгорочни лиценсирани клубови се договорени… На Алба Берлин и е доделена двогодишна лиценса на Евролигата. Со тоа германскиот клуб го осигура настапот во сезоните 2021-22 и 2022-23“ – стои во соопштението на лигата.
Тимот од главниот град на Германија е пријатно изненадување во Евролигата оваа сезона во која по 28 одиграни средби има скор од 10-18 со тоа што „жолтите“ изненадија фаворити како ЦСКА Москва, Валенсија, Басконија и Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА