Александар Ашаданов е новиот селектор на македонската женска сениорска репрезетнација, а на ова место ќе го наследи Владимир Ѓоровиќ.
Младиот стратег кој во минатото беше асистент на Ѓоровиќ ја доби довербата од КФМ и ќе ја предводи нашата женска сениорска репрезентација во наредниот циклус од квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во 2023 година во Словенија и Израел, дуели на кои ќе се сретнеме со Германија, Белгија и Босна и Херцеговина.
Ашаданов ќе го криеше задоволството од новиот ангажман. Вели дека е голем ентузијаст и верува во квалитетот на македонската женска репрезентација.
„Чест и задоволство е да се биде селектор на една репрезентација, уште поголема ако станува збор за својата земја. Огромна благодарност до раководството на кошаркарската федерација кое одлучи да ме назначи за селектор на сениорките. Ова е голем предизвик за мене како тренер, а предизвиците отсекогаш биле мојата енергија и мотивација. Иако сум запознаен со целосната ситуација во женската кошарка кај нас и на тоа се додаде групата на нашата репрезентација, сепак сум голем ентузијаст и верувам во квалитетот на нашите репрезентативки“, изјави Ашаданов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА