Пелистер се врати во прволигашкиот фудбал, а со цел да остане дел од „елитата“ веќе промовираше нови засилувања. Еден од нив ќе биде и искусниот Александар Ристевски од кој се очекува да биде столбот на одбраната.
Ристевски кој потекнува од младинската школа на битолскиот тим се враќа назад во Битола откако минатата сезона настапуваше за Брера Струмица. Претходно настапуваше и за: Металург, Скопје, Победа, Пелистер, Ренова, Струга Трим Љум, Работнички, a има и интернационално искуство како фудбалер на албанската Влазнија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА