Алексис Санчез од денеска и официјално е член на Олимпик Марсеј откако одличниот голгетер ја прифати понудата за едногодишен договор со тимот предводен од Игор Тудор.
Тој ќе пристигне во клубот како слободен играч откако конечно доби раскин на договорот со Интер. Санчез требаше да заработи седум милиони евра нето плата доколку останеше во Интер, но се согласи на отпремнина од 4,5 милиони евра за предвремен прекин на соработката.
Условите со Олимпик Марсеј беа веќе договорени, па сега кога нема пречка ниту барање за отштета, Алексис ќе допатува во Марсеј, на потпис на договорот со францускиот прволигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА