ОФИЦИЈАЛНО: Американците добија нов селектор

Тренерот на Мајами Хит, Ерик Споелстра (54), е именуван за нов тренер на машката кошаркарска репрезентација на Соединетите Американски Држави, објави сајтот на американската кошаркарска асоцијација. Споелстра ќе го предводи американскиот „Дрим тим“ на Светското првенство во Катар во 2027 година и на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Споелстра беше избран од директорот на машката кошаркарска репрезентација на САД, Грант Хил, а беше одобрен од одборот на директори на Кошаркарската асоцијација на САД. Неговиот избор мора формално да биде ратификуван од Олимпискиот и параолимписки комитет на Соединетите Американски Држави (USOPC).

„Ова е неверојатна чест. Претставувањето на нашата земја и водењето на светски познати спортисти на престижни натпревари е една од најголемите привилегии во спортот. Со нетрпение очекувам да ја продолжам традицијата на извонредност и тимска работа што ја карактеризира американската кошарка“, рече Споелстра по неговото назначување.

Се вчитува...