Гостивар доби големо засилување за новата сезона откако успеа да го официјализира потписот со Андреј Маслинко. Македонскиот репрезентативец во „сино-белите“ редови доаѓа по сезона помината во ТФТ и се очекува да биде еден од клучните играчи за успех на гостиварци.
Крилниот центар кој во минатото ги бранеше боите и на вечните ривали за ТФТ одигра 28 натпревари во домашното првенство каде бележеше просек од 7.6 поени и 4.7 скока, а настапи и на 9 натпревари во БИБЛ лигата каде просечно забележа 8.7 поени, 4.7 скока и 1.4 асистенција по натпревар.
Претходно договорите со клубот ги продолжија Војче Лефкоски, близнаците Ренато и Роберт Димитиевски и Виктор Ефремовски, а во клубот пристигнаа Максим Митевски и грузискиот репрезентативец Гиорги Корсантиа. Од клубот замина Рахим Рансон кој се приклучи за дел од Суперлигата, но не успеа да го замени Ијасу Ворку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

