ОФИЦИЈАЛНО: Ансу Фати е нов фудбалер на Монако

Поранешниот вундеркид на Барселона, Ансу Фати и официјално е нов фудбалер на франускиот прволигаш Монако. Во „Кнежеството“ пристигнува како позајмен фудбалер со опција неговиот договор да биде откупен на крајот на сезоната за 11 милиони евра.

Фати своевремено важеше за еден од најголемите таленти на Барселона запишувајќи се во историјата како најмлад стрелец во шпанското првенство и Лигата на Шампионите, но не успеа да го покаже целиот потенцијал. Минатата сезона остана во сенка на фантастичните Ламин Јамал и Рафиња па на 23-годишна возраст ќе ја спасува кариерата во нов клуб.

Се вчитува...