Сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис и Антонио Конте по долготрајните преговори денеска и официјално си подадоа рака. Италијанскиот стручњак ќе го води Наполи во наредните три сезони.
Според информациите од Италија, Конте ќе заработи меѓу 6 и 7 милиони евра за секоја сезона како тренер на Наполи, сега повторно враќајќи се со ангажман во Италија откако претходно беше предводник на Аталанта, Јувентус и Интер.
„Многу сум горд што нов тренер на Наполи е Антонио Конте, кој е врвен тренер, вистински лидер и сигурен сум дека со него ќе го продолжиме циклусот кој го почнавме со освоеното Скудето минатата година. Сега твораме важно поглавје во историјата на Наполи“ – рече Де Лаурентис.
Задоволството од соработката не го криеше и Конте.
„Среќен сум и возбуден што ќе седам на клупата на Наполи, клуб со глобално значење. Можам да ветам само една работа: Ќе дадам се од себе за раст на тимот и клубот“ – порача Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА