Ардијан Нухиу, како што претходно најави ЕКИПА, и официјално е именуван за нов тренер на Шкендија. 44-годишникот на „жешкото столче“ доаѓа по успешна сезона со косовскиот прволигаш Дрита од Гњилане и ќе го наследи доскорешниот тренер Ќатип Османи кој се одлучи да замине од клубот по крајот на сезоната.
За Нухиу тоа воедно значи и враќање на добро познатото место каде настапуваше во игрчката кариера. Тој потпиша двогодишен договор и не го криеше задоволството од соработката со тетовци, најавувајќи силен тим за предизвиците кои следат во УЕФА Конференциската лига.
„Убаво да сум повторно овде. Како играч ја освоив титулата во првата година, а потоа проектот почна да се развива со добри лидери чии амбиции навистина уверуваат. Лично, спремен сум за новиот предизвик. Ќе создадеме еден силен тим за предизвиците во Европа, а потоа со иста енергија ќе влеземе и во првенството“, изјави Нухиу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА