Официјално: Арни Слот на клупата на Ливерпул

Ливерпул и официјално стави крај на гласините кои владеа веќе подолго време во светот на фудбалот промовирајќи го холандскиот стратег Арни Слот за нов менаџер на клубот.

Четириесетипетгодишникот кој беше најавен и како нов тренер од страна на Јирген Клоп на „Енфилд“ доаѓа од редовите на Фејенорд со кој имаше три успешни сезони закитувајќи се и со шампионската титула и со титулата во Купот, но и две признанија за тренер на годината во холандското првенство.

Слот во минатото го предводеше и АЗ Алкмар со кој во сезоната 2019/20 која не беше завршена поради пандемијата на коронавирус се наоѓаше на втората позиција на табелата зад Ајакс поради послабата гол-разлика.

 

Се вчитува...