Официјално: Арсенал има нова деветка – Жезус е „топчија“

Габриел Жезус ќе биде новиот предводник на нападот на Арсенал откако „топчиите“ денеска го официјализираа пристигнувањето на голгетерот на Манчестер Сити.

Арсенал годинава најпрвин остана без Обамејанг, потоа и без Лаказет, па јасно беше дека Микел Артета мора да донесе нов врвен голгетер. Изборот падна врз Жезус, кој во изминатите години освојуваше трофеи со Манчестер Сити, но одлучи дека е момент за нов предизвик во кариерата откако не се избори за стандарден првотимски статус кај Пеп Гвардиола.

„Топчиите“ се согласија да платат 45 милиони фунти, пари што Манчестер Сити ќе ги искористи за комплетирањето на трансферот на Калвин Филипс од Лидс Јунајтед.

Се вчитува...