Големата размена што беше најавувана во американската кошаркарска јавност минатата седмица конечно се реализираше рано утрово – Тре Јанг повеќе не е член на Атланта хоукс. Извонредниот бек низ годините беше поврзуван со заминување од таборот на „јастребите“, но разочарувачки за него, на почетокот во 2026 беше испратенн во еден од најслабите тимови во НБА – Вашингтон визард.
Двата клуба постигнаа целосен договор, Вашингтон го доби Јанг како лидер на тимот, додека Атланта во размена за плејмејкерот ви дои СиЏеј Меколум и Кори Кисперт.
Американските медиуми тврдат дека Меколум ќе си замине од Атланта најдоцна до крајот на сезонава, со што „јастребите“ ќе отворат место во буџетот за да ја исполнат големата желба – во своите редови да го доведат центарот Ентони Дејвис од Атланта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

