ОФИЦИЈАЛНО: Атлетико Мадрид и Челси ќе играат во Букурешт

Првиот осминафинален натпревар од двомечот меѓу Атлетико Мадрид и Челси ќе се игра на националната арена во Букурешт, потрвдија од шпанскиот клуб. Англискиот тим не може да патува во Шпанија поради рестрикциите воведени од коронавирусот па затоа првиот натпревар кој требаше да се игра на „Ванда Метрополитано“ ќе се игра во романската престолнина.

Натпреварот е закажан за 23. февруари и ќе се игра со почеток во 21 часот.

 

Се вчитува...