Официјално: Аврамовиќ е нов кошаркар на Дубаи

Српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ од денеска и официјално е нов кошаркар на новиот амбициозен евролигаш Дубаи потпишувајќи тригодишен договор.

Леворакиот бек пристигнува во Дубаи од редовите на ЦСКА Москва каде имаше извонредна сезона и овој потег воедно означува негово враќање во Евролигата по едногодишна пауза откако претходно настапуваше во најсилното европско кошаркарско првенство како член на Партизан.

Се вчитува...