Македонската колонија во шкотската Премиер-лига од денеска и официјално е зголемена за уште еден фудбалер, откако Давид Бабунски потпиша договор со екипата на Данди јунајтед.
Овој шкотски клуб минатиот месец го ангажираше и Трапаноски, а менаџерот Гудвин кој пред две години го доведе и Бојан Миовски во Абердин уште еднаш покажа дека е голем фан на македонски фудбалери, инсистирајќи на ангажманот на Бабунски.
Двете страни неколку седмици беа во разговори, за денеска Данди Јунајтед и официјално да го претстави македонскиот играч за врска како свое најново засилување.
Во објавата за трансферот се потенцира дека Давид е дел од младинската школа на Барселона, каде настапувал заедно со играчи како Грималдо, Деулофеу и Адама Траоре пред да заплови во сениорскиот фудбал.
Последен клуб на Давид Бабунски пред овој трансфер беше унгарскиот Мезоковешди, од каде по истекот на договорот како слободен играч се пресели во Данди Јунајтед.
⚖️ Technique and tenacity in equal measure
A look at @DavidBabunski in action 🔎 pic.twitter.com/pOmlpOxqeY
— Dundee United FC (@dundeeunitedfc) July 16, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА