Поранешниот селектор на Данска , Каспер Хилманд, е новиот тренер на Баер Леверкузен , официјално објави клубот. Двете страни водеа експресни преговори и за нешто повеќе од 24 часа успеаја да постигнат договор. Идејата на раководството на „Аспиринците“ беше да се постигне договор во најкраток можен рок, а тимот што побрзо да добие нов тренер, бидејќи некогашниот првак не сакаше да ја продолжи таквата ситуација и да ја уништи сезоната што штотуку започна на самиот почеток.
Данскиот стручњак треба да го преземе Баер Леверкузен за натпреварот против Ајнтрахт Франкфурт во петок навечер. Тренерот ќе го наследи Ерик тен Хаг, кој беше отпуштен од „Аспирините“ по само три официјални натпревари на чело на тимот. Баер оствари убедлива победа и се пласираше во Купот на Германија , но во првенството забележа еден пораз и едно реми, што доведе до отпуштање на Холанѓанецот.
🤝 Kasper Hjulmand unterschreibt als neuer Cheftrainer bei Bayer 04.
Herzlich Willkommen in Leverkusen, Coach! ⚫️🔴 pic.twitter.com/wBHMnIsQ34
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04fussball) September 8, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

