Баерн Минхен осигура уште еден значаен трансфер откако денеска беше официјализирано доаѓањето на Жоао Палиња, португалскиот репрезентативец кој настапува на позицијата последен играч за врска.
Баерн повеќе од една година го следи овој фудбалер, кој требаше да пристигне и ланската сезона, но трансферот пропадна поради доцното комплетирање на документацијата. Интересот повторно се интензивираше во последниот месец, за на крајот да биде постигнат договор со Фулам, трансферот да изнесува 50 милиони евра.
Палиња потпиша договор до 30 јуни 2028 година, а Португалецот не го криеше задоволството што станува дел од еден од најдобрите европски клубови.
„Ова ми е еден од најсреќните денови во животот, добивам шанса да заиграм за еден од топ-клубовите во Европа. Ова е остварување на сонот, горд сум на тоа и едвај чекам да ј почувствувам атмосферата на „Алијанц Арена“. Желба ми е да остварам што поголеми успеси, да освојам што повеќе трофеи со Баерн и ќе сторам се за тоа да се случи“, изјави Палиња по потписот на четиригодишниот договор со баварскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА