Францускиот интернационалец и некогаш големата надеж на Монако, Тиму Бакајоко, повторно се враќа во редовите на Милан како позајмен фудбалер, објавија и од клубот од „Сан Сиро“ и од таборот на европскиот првак Челси.
Формата на трансферот е двегодишна позајмица и облигација за откуп на договорот помеѓу 15-20 милиони евра. „Отпадникот на Челзи“ во сезоната 2018/2019 го носеше дресот на „росонерите“ и одигра сосема солидно, но миланезите решија да не го откупат играчот од средината на теренот и да го препуштат на неговиот матичен клуб.
Бакајоко во Милан ќе им се придружи на неговите екс-колеги од лондонскиот клуб, Фикајо Томори и Оливие Жиру, кои како што стојат работите одлично ги започнаа кариерите во седумкратниот европски шампион.
Дваесет и седумгодишниот фудбалер пристигна во 2017 во Челси од Монако, како директна замена за Немања Матиќ, забележувајќи 43 настапи и три погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА