Официјално: Балотели потпиша во „Серија Б“

Сагата околу новиот клуб на Марио Балотели конечно заврши откако проблематичниот голгетер денеска потпиша со Монца. Екс-репрезентативецот на Италија беше во преговори со неколку клубови од странство, но на крајот реши да остане во татковината потпишувајќи со второлигашот Монца, чиј газда е екс-сопственикот на Милан, Силвио Берлускони.

Договорот меѓу Балотели и Монца е со важност до јуни 2021 година, а Балотели за овие шест месеци ќе заработи 400.000 евра.

„Супер Марио“ беше без клуб од раскинот на договорот со Бреша, клуб каде не ги оправда очекувaњата на теренот, а потоа од претседателот Челино му беше забранет и пристап на тренинзите на клубот. Претходно, Балотели настапуваше и за Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница и Олимпик Марсеј.

Се вчитува...