Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, потпиша нов договор со каталонскиот гигант со кој ќе се задржи на „Камп ноу“ до 2022 година. Со обновата на договорот Пике добива клаузула од 500 милиони евра.
Шпанецот во клубот пристигна пред 21 година на десетгодишна возраст, но како талентиран „производ“ на академијата во 2004 година ја напушти Барса и се пресели во редовите на Манчестер јунајтед. Само четири години подоцна доби шанса да заигра за првиот тим откако Пеп Гвардиола му овозможи „кам-бек“ во клубот. Пике од тогаш освои 25 трофеи, меѓу најзначајните се три трофеи во Лигата на шампиони, како и шест титули во шпанското првенство.
Во неговата кариера одигра вкупно 421 натпревар на кои постигна 37 погодоци, додека забележа 94 настапиво дресот на „црвената фурија“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА