Џуд Белингем и официјално нема да биде дел од англиската репрезентација на претстојниот квалификациски меч со Македонија што ќе се одигра в понеделник во Скопје.
Големиот ас се повреди при настапите за Реал Мадрид, отпатува за Лондон, но по лекарските прегледи на „островот“ беше одлучено дека ризикот од негов настап против Малта и Македонија е преголем. Поради ова, Белингем се врати назад во Мадрид, каде ќе продолжи со рехабилитација по повредата на рамото.
Покрај Белингем, од комбинација за настап против Македонија отпадна и дефанзивецот на Челси, Луи Колвил, кој исто така се жалеше на повреда во изминатиот период. На негово место повикан е Конса од екипата на Астон Вила.
ФА обелодени и дека Маркус Рашфорд и Калвин Филипс подоцна ќе се приклучат на подготовките на репрезентацијата поради лични причини, а останува да се види дали овие двајца фудбалери ќе бидат дел од експедицијата на „гордиот албион“ што ќе допатува во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА