OФИЦИЈАЛНО: Бертанс е нов кошаркар на Дубаи

Летонскиот кошаркар Дејвис Бертанс потпиша за новопечениот член на АБА лигата Дубаи.

Она што се најавуваше претходните денови сега се оствари. Дебитантот во АБА лигата донесе капитално засилување, со евролигашко и НБА искуство. Бертанс во овој преоден рок беше поврзуван со трансфери во Партизан и Анадолу Ефес, а на крајот се одлучи сепак за Дубаи.

Бертанс во својата кариера настапуваше за Рига, Олимпија Љубљана, Партизан, Басконија во Европа, а во НБА играше за Сан Антонио, Вашингтон, Далас, Оклахома и Шарлот.

Се вчитува...