Првата тренерска промена во паузата меѓу две полусезони доаѓа од редовите на Беса која за нов стратег го назначи Бобан Бабунски надевајќи се дека со него ќе се искачи повисоко на табелата.
Бабунски е искусен тренер кој своевремено ги предводеше скопските Вардар, Работничии и Шкупи, а беше дел и од младинската репрезентација до 21 година.
„Со задоволство можеме да соопштиме дека постигнавме договор со добро познатиот тренер Бобан Бабунски. Веруваме дека тој ќе внесе позитивен дух и нова енергија во нашиот тим и ќе ни помогне да ги оствариме целите во новата сезона“, стои во објавата на Беса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА