Официјално: Богдан Радивојевиќ, нов член на Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер успеа да доведе уште едно препознатливо има во своите редови, откако денеска беше официјализиран трансферот на Богдан Радивојевиќ, одличното десно крило на српската репрезентација со богато искуство од настапи во Лигата на Шампионите.

„Српскиот репрезентативец и поранешен европски првак Богдан Радивојевиќ е нов член на Еурофарм Пелистер. Десното крило потпиша едногодишен договор, веќе е во Македонија и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. 30-годишниот Радивојевиќ доаѓа како етаблиран ракометар кој веќе тринаесет години по ред игра во Лигата на шампионите, а има и една титула во ова натпреварување, освоена со Флензбург во 2014 година“, објави РК Еурофарм Пелистер.

Последен клуб на Радивојевиќ беше ПИК Сегед, а претходно настапуваше за Партизан, Флензбург и Рајн Некар Левен. 30-годишниот Радивојевиќ е стандарден член на српската репрезентација, со која настапуваше на голем број големи натпреварувања. Со неговиот ангажман клубот добива на престиж, квалитет и реноме.

Клубот се уште преговара и со долгогодишниот македонски репрезентативец Дејан Манасков, кој би требало да биде следно големо засилување за актуелниот шампион на Македонија.

Се вчитува...