Официјално: Бојан Димоски потпиша за Партизан

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Димоски кариерата ќе ја продолжи во Србија, и тоа во дресот на Партизан откако белградските „црно-бели“ вечерва и официјално го потврдија трансферот на нашиот дефанзивец.

Димоски ја почна сезоната во рускиот прволигаш Амкар, но штом се појави понудата од Партизан се интензивираа напорите од сите страни за овој трансфер да биде реализиран, а 23-годишниот лев бек да го облече дресот на гигантот од северниот сосед.

„Бојан Димоски, репрезентативецот на Македонија и досегашен член на руски Акрон, е нов играч на Партизан. Димоски, 23-годишен бек, се приклучува на Партизан на позајмица до крајот на тековната сезона, со опција за откуп на неговиот договор. Кариерата ја почна во Тетекс, по што настапуваше и за Вардар и за Брера Струмица, од каде во 2023 година замина во руски Акрон. Ги мина сите млади репрезентативни селекции на Македонија, а моментно е стандарден член на националниот тим за кој има одиграно 18 натпревари. 

Бојан, добредојде и среќно“, се вели во соопштението на ФК Партизан за трансферот на Македонецот.

Се вчитува...